Македонија 08. јануари 2020. / 09:54

Кандидатот за македонски амбасадор во НАТО, Дане Талески, му се закани на Иран

Кандидатот за македонски амбасадор во НАТО, Дане Талески, му се закани на Иран

Советникот за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на во НАТО, Дане Талески, во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на Maкедонија, САД.

– Нападот врз воени бази на САД со можни жртви е напад врз САД. Тоа повлекува вклучување на членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој што вели „еден за сите, сите за еден“, односно ако една членка на НАТО е нападната. Иран треба добро да размисли како ќе се постави во оваа ситуација – изјави Талески.