Македонија 02. ноември 2018. / 11:24

Канческа Милевска: Владата ги прифати нашите нацрт – амандмани

Канческа Милевска: Владата ги прифати нашите нацрт – амандмани

Координаторката на новата пратеничка група, Елизабета Канческа Милевска објави дека Владата ги прифатила нивните предлог амандмани да се вградат во измените на Уставот на РМ.

Таа ја објави содржината на четирите амандмани предложени од нив, а тоа се: Да се гарантира македонскиот идентитет, безусловно бришење на сите амандмани кои ќе бидат сега предмет на промена на Уставот, доколку Грција било кога ги оневозможува евроитеграциите на Македонија , истото ќе важи и доколку Грција не го ратификува Договорот од Преспа.

Прифатен е и амандманот за времетраењето на прилагодување на македонските институции и нивните називи, како и документите, согласно Договорот со Грција.

Канческа Милевска, најави активно вклучување во процесот на имплементација на Договорот со Грција.