Македонија 25. декември 2018. / 09:47

Кампот на ,,Единствена Македонија“ отстранет од паркот спроти Собрание

Кампот на ,,Единствена Македонија“ отстранет од паркот спроти Собрание

Комунални служби утрово ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ.

Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема, а импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта.

Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.

Но, тоа предизвикуваше голем револт кај граѓаните, бидејќи се работеше за неколку демонстарнти, а често улицата беше блокирана само со неколку пластични гајби или клупи од блискиот парк.