Македонија 10. декември 2019. / 12:06

Камчева: Поради контактите на Боки 13 со Јовче Ременски барав средбите со Николовски да се случуваат надвор од УБК

Камчева: Поради контактите на Боки 13 со Јовче Ременски барав средбите со Николовски да се случуваат надвор од УБК

Колку средби сте имале со директорот на УБК Горан Николовски, ја праша Ана Камчева, Бојан Јовановски – Боки 13.

Камчева рече дека имала две средби, и дека тие се одвивале надвор од УБК поради Јовче Ременски.

Со Горан Николовски имав две средби, по мое барање не беа во канцелариите УБК бидејќи таму, имав информации, работи Јовче Ременски вашиот пријател, со кого вие контактиравте секојдневно со него и со неговата сопруга, и од страв барав средбите да бидат надвор, рече Камчева.