Македонија 04. март 2020. / 12:31

Камчев му подарил на Боки штафелај за слики

Камчев му подарил на Боки штафелај за слики

Бојан Јовановски го праша сведокот Стојан Арсовски да ги опише неговите средби со Орце Камчев и дали го носел во неговиот дом. Тој рече дека неколкупати го носел во домот на бизнисменот па дури и дека му давал подароци.

-Добив впечаток дека се многу блиски, го пречекуваше и го испраќаше до врата. Еднаш дури и му подари штафелај за сликање. Едвај го напикав во возилото-објасни Арсовски.