Македонија 06. декември 2019. / 11:29

Камчев: Кај Боки 13 рекет платија Тинекс, Главчев, Пелистерка и ја злоупотреби и потпретседателката на Владата

Камчев: Кај Боки 13 рекет платија Тинекс, Главчев, Пелистерка и ја злоупотреби и потпретседателката на Владата

Камчев во својот исказ спомена дека кај него платиле уште неколку компании и луѓе, и дека ја злоупотребил потпретседателката на Владата (н.з. Шеќеринска), но спомена дека таа нема врска со случајот, пренесуваТв 21.

Во месец јануари, Бојан дојде и рече сакаш ли да разговараме за бизнис. А сите знаеме дека седницата на Врховниот суд беше на 30 јануари. Мене ми беше јасно дека е рекет. Се што е отворено од 18 јануари, е рекет фаза. Кај него платија и Тинекс, и Томче Главчев и Дејан Пелистерка, ама не сакаа да го кажат тоа, се исплашија. Ова се луѓе јас што ги знам, можеби има уште… Има и материјали кои ќе го докажат тоа.Сфатив дека таа игра да ја играм, да бидам глумец во нивната приказна. Во една прилика ја злоупотреби потпретседалката на Влада, со слики, како ги сликал нејзе и Катица, и како они разговарале. До толку беше монструозен. А јас со нејзиниот сопруг сум другар, и знаев дека нема врска жената. Целата конструкција што ја направив, решив да ја документирам. Пошто бев во куќен притвор, немав друга алатка. Не знаев кому да пријавам дека сум рекетиран. Сите бараа и се дел од пакетот. Сите тројцаор, рече Камчев.