Македонија 02. јуни 2020. / 11:57

Камчев дознал дека е под ПИ мерки од адвокатот Димишков, а не од Катица Јанева

Камчев дознал дека е под ПИ мерки од адвокатот Димишков, а не од Катица Јанева

При давањето завршни зборови на Катица Јанева, адвокатот Дељо Кадиев истакна дека бизнисменот Орце Камчев од други лица дознавал дека против него се води истрага во случајот империја, а не, како што тврдеше во сведочењето, дека информаците му доаѓале од СЈО.

Адвокатот Димишков му кажал на Камчев дека е ставен под ПИ мерки, а не Катица Јанева – тврди Кадиев.

Според него, нелогично е да се гони Јанева дека наводно му помогнала на Камчев да излезе од притвор кога биснисменот изјавувал друго.

Камчев потврди дека излегол од притвор заедно со десетина други притвореници и оти не верува дека дека тоа е поради пари – изјави Кадиев.

Адвокатот исто така потврди дека Јанева на Камчев никогаш не му понудила да биде заштитен сведок ниту, пак, да направат спогодба.