Орце Камчев на судењето за случајот „Рекет“ објасни дека Бојан Јовановски му нудел проект за шопинг мол кој требало да чини неколку милиони евра.
Најважната работа вели Камчев е што проектот бил со потпис на синот на Катица Јанева, Лазар. Според Камчев, тоа не бил никаков проект туку „продавање” памет. Во молот требало да им луксузни продавници и ресторани, „Тинекс маркет“, студио на „1ТВ“ како и салон на Сергеј Варошлија.