Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане во историјата како земја што ги прекина пристапните преговори на Македонија и на Албанија во ЕУ, вели поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер на Бугарија, Ивајло Калфин.
Тој смета дека бугарската позиција е погодна за други земји кои исто така не сакаат да го започнат поцесот на преговори, но ја користат Бугарија како изгвор за тоа.
Според Калфин, бугарскиот меморандум е несфатлив за повеќето Европејци и наместо да го постигне појсакуваниот ефект, тој ја изолирал Бугарија.
Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер на Бугарија вели дека ветото ги зајакнало антибугарските чувства во Скопје и дотурило вода во воденицата на „србоманските кругови“, пренесе news.bg.
Калфин смета дека прашања без одложување треба да се решат, будејќи одложувањето на решавањето не помага.