Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека е изненаден од вечерашното притворање на Митко Чавков на неколку дена пред објавување на пресудата за 27 април.
Јас бев изненаден со денешната одлука. Ваков преседан досега не сме имале, притвор пред објавување на пресудата. Она што ги плаши луѓето е дека е веќе падната одлуката и дека се спрема тешка казна. Морам да признаам дека сум изненаден од оваа одлука, рече Калајџиев.