Професорот Гордан Калајџиев за „Фокус“вели дека за него е спорно што Обвинителството не ги докажало до крај делата за кои ги товари обвинетите.
Поспорно е тоа што не беа повикани многу важни сведоци за овој случај и не беа изведени многу докази, Обвинителството го држеше под некоја контрола од политички причини. Делото „перење на пари“ за Бојан Јовановски не е докажано, односно не е докажано каде се пласирани тие пари, дали во некој бизнис, туку Обвинителството тврди дека тие веруваат дека тие се потрошени. Не е исто да тврдиш дека парите се потрошени и дека се испрани. Сѐ се сведе на претпоставки, без јасни докази. За Катица Јанева исто така не беше докажано дека ги зела тие 50.000 евра и мислам дека сето ова беше направено, не поради тоа што обвинителството е неспособно, туку поради политички причини да се пласира во јавност само она што треба, вели Калајџиев.