Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев на денешната јавна дискусија за Предлог законот за ЈО остро искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.
Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги, што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи ? – праша Кајалџиев.
За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат, WOW што е ова нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметиите на Марко, а можела да ми даде на Јовески?, праша Калајџиев.
Тој вели дека кога ќе згасне овој закон за СЈО има суштински гаранции, не може да ги дадете само на друго обвинителство, се сложивме дека не може овој предлог закон да го згасне законот за СЈО, таму има последици и за обвинителите, не смее да се заборави дека има и стручни служби кои треба да бидат распределени во овој предлог закон не се гледа нивната судбина.
Тој остро исккритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.