Македонија 19. јуни 2020. / 09:00

Калајџиев: Се уште е далеку целосното расветлување на случајот „Рекет“

Калајџиев: Се уште е далеку целосното расветлување на случајот „Рекет“

Зборувајќи за случајот „Рекет“, професорот Гордан Калајџиев за време на  гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа, истакна дека во јавноста постои основано сомневање дека КАтица Јанева и Бојан Јовановски самите го испланирале и извршиле делото.

Професорот додава дека овој случај уште некое време ќе биде актуелен во јавноста.

Далеку сме од цела разврска за случајот „Рекет“, а овој случај е важен сегмент и поради СЈО и неговото функционирање. Што се однесува до Бојан Јованосвки, тоа ќе трае во врска со постапките со неговата невладина. Но, сепак, знаете какво е судството кај нас предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае – изјави Калајџиев.

Во контекст на кажувањето на Јовановски дека парите треба да се бараат кај Вице Заев и кај Зоран Заев, Калајџиев укажа дека не е чудно.

Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева – рече Калајџиев.