Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вели дека не може да продолжат истрагите на СЈО за „Империја“, во кој е осомничен Орце Камчев, и за „Поштенска банка“ кој го водат Лиле Стефанова и Бурим Рустеми кои трпеле влијание и мешање од Катица Јанева.
Овие две истраги се оскатени, имало влијание врз нив и тие не може да продолжат. Треба Обвинителството да одлучи што ќе прави со нив, евентуално да ги почне отпочеток, од нула. Ништо од досега сработеното во овие две истраги не може да е валидно, бидејќи имало влијанија. Впрочем, за тоа се води друга истрага именувана како Рекет.Не може да продолжи ниедна истрага почната од СЈО каде што ќе се утврди дека имало влијание врз неа“, вели за СакамДаКажам. професорот Калајџиев.