Македонија 08. август 2019. / 15:47

Калајџиев: Брука е што Рускоска оди на одмор сред оваа афера

Калајџиев: Брука е што Рускоска оди на одмор сред оваа афера

Правните експерти, меѓу кои и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев бараат да се утврди од каде протекоа аудио и видео снимките поврзани со случајот Рекет и дали тие можеби се излезени од Јавното обвинителство, што би претставувало дополнителна грижа, пренесе Канал5.

Според него во овие новообјавени материјали врз кои се гради постапката нема ништо што досега не е познато, но загрижува тоа што помина подолг период, а целата приказна не се разоткрива.

– Она што се гледа на снимките иако мислам дека има некои парчиња кои што не знам дали се од вистински од тоа, на примемр со парите. Очигледно е тоа дека тој дел е конзистентен со приказната со рекетирањето, практично содржински нема ништо ново. Загрижувачки е што протече многу долг период а не се расплеплетува приказната и тука очигледно целиот случај има политички импликации повеќе отколку правни, од дневна политика, до разузнавачки служби. Тука има многу шпекулации, вистинската приказна не ја знаеме сеуште. – вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Калајџиев вели дека е неприфатливо и неодговорнотоа што Рускоска која го води предметот “Рекет”, како и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е инволвирана во скандалот, заминаа на одмор, во време кога целата македонска и меѓународна јавност очекува разврска на слуачјот.

– Срамота е исто што и еве гледаме обвинителката што го води случајот а богами гледам дека и пола СЈО се на годишен одмор, тоа е за мене брука. Замислете сега тоне Титаник, тоне нашата надеж за правна држава, они на одмор, каков одмор какви бакрачи. Значи не може Вилма да оди на одмор на сред оваа афера од која што зависи она што сите го викаат датум за преговори, иако тоа е веќе изгубена војна, по мене ние немаме шанса повеќе за тоа. Со ваква растурена држава со вакви импровизации. – вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Калајџиев вели дека во овој случај мора да се оди на се или ништо – односно истиот да биде целосно расчистен за да се врати довербата во правниот систем.