Македонија 26. декември 2020. / 10:42

Како опозицијата се спротивстави на намерата на власта да подари 33 милиони евра народни пари на Макпетрол

Како опозицијата се спротивстави на намерата на власта да подари 33 милиони евра народни пари на Макпетрол

Пратениците цела ноќ дебатираа околу предлог-законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол околу заедничкото друштво за природен гас ГА-МА.

Расправата заврши околу осум часот утрово, без гласање, откако парламентарното мнозинство не собра доволно пратеници. Законот не беше изгласан бидејќи не беа присутни доволен број на пратеници од мнозинството.

Во текот на ноќта повеќе пратеници од опозицијата преку „Фејсбук“ статуси известуваа за случувањата во Собранието.

„Во 2 часот после полноќ пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се бори против обидот на Заев за спорен договор вреден 33 мил евра. Толку ли е голема злоупотребата што Заев сака во црни темници во ниедно време да се гласа во Собранието? НЕМА да дозволиме!“, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во 2 часот после полноќ пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се бори против обидот на Заев за спорен договор вреден 33 мил…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, December 25, 2020

Пратеникот Антонио Милошоски во 2ч по полноќ напиша дека  опозицијата заедно на седница против „крими Договор меѓу Заев и Макпетрол“.

„Подобро 33,5М€ за вакцини или за стопанството, отколку 1€ за Бате, 1€ за Олигархот, 1€ за телевизијата!“, порача Милошоски.

Во 2ч по полноќ заедно на седница против крими Договор меѓу Заев и Макпетрол. Подобро 33,5М€ за вакцини или за стопанството, отколку 1€ за Бате, 1€ за Олигархот, 1€ за телевизијата!

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, December 25, 2020

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски исто така се огласи од Собранието.

„Во 2 часот наутро, продолжуваме со работа, мотивирани пред народот да го разобличиме целиот криминал со срамната спогодба која е на штета на граѓаните.
Носење на закон, за амнестија на одговорност за 33 мил € криминал“, напиша Мицевски.

Во 2 часот наутро, продолжуваме со работа, мотивирани пред народот да го разобличиме целиот криминал со срамната…

Posted by Nikola Micevski on Friday, December 25, 2020

Околу пет часот наутро беше исклучено и греењето во собраниската сала за што извести пратеникот Бране Петрушевски.

И во 5 часот наутро седницата трае…
Го исклучија и греењето само да не натераат да се откажеме од говорење, за да помине исплатата од 33 милиони евра за Макпетрол ветена од Заев! No pasarán”, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски од салата на Собранието.

И во 5 часот наутро седницата трае…

Го исклучија и греењето само да не натераат да се откажеме од говорење, за да помине исплатата од 33 милиони евра за Макпетрол ветена од Заев!

No pasarán

Posted by Бране Петрушевски on Friday, December 25, 2020

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ открија дека со цел да ги натераат да заминат дома и да се прекине расправата, власта се служи со подмолни трикови, како гаснење на загревањето во собраниската сала.

„6 ЧАСОТ НАУТРО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА…
Повеќе од 20 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН буквално цел ден и цела ноќ пратениците на ВМРО ДПМНЕ се борат да СПРЕЧАТ спорен договор вреден 33 мил евра!
Толку многу мириса на СКАНДАЛ што сакаа да го скријат и протнат во доцните вечерни часови, но со ЛАВОВСКА БИТКА успеавме да го дочекаме НОВИОТ ДЕН заедно, за цела македонска јавност ДА ЈА ВИДИ злоупотребата!
НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА!“, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алесандар Николоски на „Фејсбук“.

6 ЧАСОТ НАУТРО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА…

Повеќе од 20 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН буквално цел ден и цела ноќ пратениците на ВМРО…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, December 25, 2020

Опозицијата се спротивставува на носењето на законот со кој Владата треба да му исплати 33 милиони евра на Макпетрол, со што практично државата ќе стане целосен сопственик на ГА-МА.