Македонија 15. јули 2019. / 23:50

Kај обвинителката Лиле Стефанова од СЈО не е извршен претрес

Kај обвинителката Лиле Стефанова од СЈО не е извршен претрес

Во домот на обвинителката Лиле Стефанова, која е дел од тимот на СЈО, вечерва не е извршен претрес, иако дел од медиумите објавија дека тоа се случило. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција за „Фокус“ појаснуваат дека станува збор за шпекулација.

Претходно дел од медиумите објавија и дека е извршен претрес и во домот на Катица Јанева, но како што веќе објави Фокус, и тоа не е точно, туку одземен и бил само мобилниот телефон.