Македонија 28. јули 2018. / 18:21

Кај Крушје се запали автомобил

Кај Крушје се запали автомобил

Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај селото Кружје.

Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено.

– Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана, изјави дежурниот пожарникар.