Македонија 17. мај 2020. / 09:39

Кафулињата се отвораат кон крајот на следната недела

Кафулињата се отвораат кон крајот на следната недела

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за телевизија „Сител“  изјави дека првите кафулиња и ресторани ќе се отворат кон крајот на следната недела.

-На почетокот на неделата сакаме да укажеме кои се принципите што треба да се почитуваат, за во мометот кога тие ќе почнат со работа, да знаат како да се вратат во функција, изјави министерот.

Голем број на локали веќе одреден период се подготвуваат за отворањето, применувајќи ги мерките за дезинфекција и оддалечност на местата за седење.