Oд Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврдуваат дека се информирани оти постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило што го користи претседателот, во рамки на барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев да се вратат 35 службени возила претходно распределени од техничкиот премиер, Оливер Спасовски, во повеќе институции.
Од Вила Водно, сепак, велат дека не знаат кој е мотивот за таквиот допис, но напоменуваат дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР.