Македонија 13. август 2019. / 14:26

Кабинетот на Пендаровски до Обвинителството: Претседателот не ве нападна!

Кабинетот на Пендаровски до Обвинителството: Претседателот не ве нападна!

Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство на Македонија, ниту постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, реагира Кабинетот на шефот на државата по денеска изнесениот став на ЈОРСМ во врска со изјавата на Пендаровски за случајот „Рекет“.

Од кабинетот соопштуваат дека Пендаровски ги поддржува надлежните институции и ќе стори се за да ги заштити истите од притисоци.

– Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“. – стои во реакцијата.

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.