Кабелските оператори по повод информациите за Уредбата на Владата за формирање Фонд за медиуми соопштија дека добиле писмен одговор од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека Владата нема донесено Уредба со законска сила за основање на Фонд за поддршка на медиуми.
Манчевски додал дека доколку се одлучи да се воведе некаков вид на давачка која би паднала на грбот на граѓаните, претходно ќе ги извести благовремено и ќе побара мислење и став по истото.
– Оттаму ве известуваме дека најавенот протест манифестиран со исклучување на реемитувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) го одложуваме на неопределено време. За сите понатамошни активности во врска со ова прашање ќе ја известиме македонската јавност благовремено, се вели во соопштението на Кабелските оператори.