Македонија 02. февруари 2021. / 09:41

Јовески: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес

Јовески: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Дојче Веле“ зборуваше за случајот „Монструм“.

Тој рече дека сторителите се обвинети врз основа на цврсти и неспорни докази. Јовески посочи дека повторената постапка на случајот, ги отстрани сомнежите за монтиран процес.

„Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба“, вели Јовески.

Тој истакна дека во судскиот случај нема победници и губитници.

„Заради жртвите и оштетените, извршителите мора да се изнесат пред лицето на правдата. И тоа да е сторено на законит начин и со цврсти и издржани докази. Најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка“, рече јавниот обвинител.