Македонија 09. септември 2019. / 11:06

Јовески: Јавното обвинителство наскоро ќе ги преземе предметите од СЈО

Јовески: Јавното обвинителство наскоро ќе ги преземе предметите од СЈО

Основното јавно одделно ги разгледува предметите на СЈО за да се констатира фазата до каде стигнале постапките за нив, а потоа тие ќе се распределат по обвинителствата.

Државниот обвинител Љубомир Јовески очекува обвинителниот орган да ги преземе предметите наскоро.

Пред да се распределат, Советот на јавни обвинители треба да се изјасни за судбината на специјалните обвинители, односно дали тие треба да се вратат во матичните обвинителства од каде што дошле или не.

– Првиот чекор е преземањето на предметите, а потоа, Јавното обвинителство ќе ги разгледува предметите според своите надлежности. Очекувам тоа да се случи наскоро. По 15 септември Советот на јавни обвинители е надлежен да одлучи за судбината на специјалните обвинители односно да констатира дали специјалните обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства. – вели Јовески за „Алсат“.

Во врска со судбината на „бомбите“, специјалните обвинители велат дека тие ќе продолжат да се објавуваат на рочиштата и да се користат како докази без разлика кои обвинители ги застапуваат.

Мандатот на специјалните обвинители истекува на 15 септември. Според законот за СЈО, по завршувањето на мандатот, обвинителите мора да се вратат во обвинителствата од каде што дошле. Неофицијално, објавува „Алсат“ Советот на јавни обвинители ќе одлучува и за ова. А, после согласноста што Јовески ја доби од Катица Јанева пред два дена за јавното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО, Јовески кој се повикува на правото на подреденост кон Јавното обвинителство, се очекува случаите на СЈО да бидат распределени кај јавните обвинители.