Македонија 06. декември 2018. / 14:10

Јовановски: Не бев водач на протестите „За заедничка Македонија“, туку само загрижен граѓанин

Јовановски: Не бев водач на протестите „За заедничка Македонија“, туку само загрижен граѓанин

При вкрстеното испрашување на Александар Василевски – Нинџа, обвинетиот Владо Јовановски изјави дека не се чуствува како водач на протестите „За заедничка Македонија“ туку дека бил таму како загрижен граѓанин.

– Јас не се третирам како водач. На протестите јас не бев дел од организацијата, бев дојден како граѓанин, човек, актер загрижен за државата. – рече Јовановски.

По овој исказ на Јовановски, тој му се обрати на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа со зборовите – „дали ќе се сложите со мене дека никогаш досега не сте ме виделе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, на што Василевски одговори дека го има видено.