Македонија 18. јануари 2020. / 19:41

Јовановски: Курто Дудуш треба да биде Министер за ОПОМЕНИ на Мурто

Јовановски: Курто Дудуш треба да биде Министер за ОПОМЕНИ на Мурто

Актерот Владо Јовановски реагира за судската опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако го претепа Демир Исмаил и изрази каење поради тоа, за разлика од него за помали кривични дела луѓе издржуваат казни во Идризово.

Курто е бил и ќе биде! Но, и… Мурто е бил и ќе биде! Секоја сличност со Господинот Курто Дудуш е случајна. Јас пак, предлагам, кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи, за министер за ОПОМЕНИ… (ново министерство), барем толку заслужува нашава демократија, во нашево општество, во нашава др’жава ( како и беше името).?А пак, Igor Durlovski да се запали на клада ( се разбира ќе му се извиниме пред или по палењето), напиша Јовановски.