Македонија 17. февруари 2020. / 06:59

Јовановиќ до Заев: Кога ќе марширате за правда поминете кај Бате Саше, Газда Орце и другите што ги амнестиравте

Јовановиќ до Заев: Кога ќе марширате за правда поминете кај Бате Саше, Газда Орце и другите што ги амнестиравте

Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии во оваа влада на СДСМ, Драган Тевдовски, го истакнува лицемерието на, за денеска закажаниот, марш „Чекориме за правда“, што лидерот на СДСМ, Зоран Заев го најави по изгласувањето на Законот за Јавно Обвинителство.

Јовановиќ потенцира дека со овој закон се овозможува амнестија затоа што завранува “бомбите” да бидат користени како докази за извршените криминали.

– Кога ќе марширате за правда, незаборавајте да поминете покрај Мериот, да му заблагодарите на Бате Саше за сесрдната помош. А потоа и до Систина, да го поздравите Газда Орце, новиот борец против корупцијата и неправдата. А потоа и до кај Крсто и другите амнестирани и спасени поради забранава „бомбите“ да се користат како докази. До Будимпешта не мора да одите, како што тргнало, Николче наскоро сам ќе се врати – пишува Јовановиќ.