Македонија 11. декември 2018. / 21:26

Јованоска-Стојаноска по изјавите на Каракачанов: Oва е бунар без дно, договорот е понижувачки

Јованоска-Стојаноска по изјавите на Каракачанов: Oва е бунар без дно, договорот е понижувачки

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Јованоска – Стојаноска вечерва во емисијата „Отворено на Алфа, кажа дека спорните изјави на бугарскиот заменик претседател на Владата Красимир Каракачанов треба да ја загрижат Владата.

Јас во овој дел не би се согласила со колегата Ацевски дека ова се некоја група на поединци од бугарската политика, бидејќи се работи за еден европратеник, се работи за министерка за надворешни работи на Бугарија, на министер за одбрана и мислам дека ова е добар сигнал дека со потпишувањето на овој Договор, а исто така и Спогодбата со јужниот сосед е доказ дека овие договори нема да постигнат конечно помирување, односно решавање на проблемите, туку напротив отворање на нови и нови. Овој бунар нема да има дно. Доказ за тоа се овие случувања кои самите ги оквалификувавте за најактуелни – вели Јованоска-Стојаноска.

Сите тие велат македонски јазик ќе има. Каде е македонскиот јазик? Македонски јазик со фуснота. Договор потпишан со Бугарија во кој не е наведен македонски народ. Во кој е наведен јазик според Уставот на Република Македонија и во кој е наведено заедничка историја. Не случајно овој Договор така набрзина и бегло се протна лани во август – вели таа.

Што значат тогаш овие изјави од пред некој ден? Ова се изјави од официјални претставници на Бугарија. Не се изјави од поединци, од граѓани на Бугарија. Зборуваме за изјави на министри. Факт е дека и во овој Договор, и во Спогодбата со јужниот сосед, постои можност, и тоа е всушност единствената обврска што важи за другите страни, а не за Македонија, во било кој момент, во било кој чекор од овој пат, да можат да го стопираат процесот, му кажа Јовановска-Стојановска на својот колега Ацевски..

Тоа значи дека ако на Бугарите не им се допадне некој наш предлог да остане историјата ваква каква што е, еве се споменува Цар Самоил, Григор Прличев, Илинден, во секој момент, и Бугарите и јужниот сосед, тие имаат и многу повеќе барања од тие што ги потпишавте, во секој момент можат да стопираат се. Тоа е она што вие го потпишавте – безусловно потпишување на договори. Покорно, понижувачки за македонскиот народ. Едно е да зборуваме за заедничка регионална балканска историја. Друго е да ги издвоиме нашата македонска и бугарска историја – потенцира пратеничката.