Македонија 22. август 2020. / 09:13

Јетон Шаќири нов министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири нов министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири ќе биде министер за информатичко општество и администрација, предложен од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира весникот Коха.

Веста за весникот ја потврдиле и од ДУИ. Оттаму велат дека Шаќири ќе биде нивниот министер во Владата и ќе управува со Министерството за информатичко општество и администрација.

Претходно, ДУИ даде и други кандидати за вицепремиерските и министерските места.