Во Министерството за финансии се одржа јавна дебата со институциите за Нацрт текстот за законот за јавни набавки, со што завршува процесот на јавни консултации.
Kако што соопшти Министерството за финансии, Законот најдоцна треба да биде донесен во октомври и ќе почне да се применува од наредната година.
-Во текстот на новиот Закон се предвидува зголемена транспарентност на постапките. Тој ќе ја подобри ефикасноста, ќе стави акцент на најдобрата економска понуда, ќе ги поедностави процедурите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.
Според Тевдовски, се обезбедуваат и услови за реална конкуренција.
-Предвидени се нови постапки, нови алатки во делот на електронските јавни набавки, има нови вредносни прагови за примена на Законот, но и зајакната контрола, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.