Македонија 01. февруари 2021. / 15:38

Јаулески на средба со Дејвид Гир: Младите се приоритет

Јаулески на средба со Дејвид Гир: Младите се приоритет

Јован Јаулески, координатор на Клубот за младински прашања и политики, оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата се разговарало за важноста на донесување закони кои што се во интерес на сите млади во Македонија и креирањето младински политики.

-Младите се приоритет и заеднички разменивме ставови и размислувања во однос на идната соработка помеѓу Клубот за младински прашања и политики и Делегацијата на ЕУ и се заклучивме дека соработката и во иднина треба да се продлабочува, посебно во делот на размена на искуства и имплементирање практики од Европскиот парламент и размислувања во насока на донесување квалитетни закони кои се во интерес на сите млади, напиша тој на Фејсбук.

 

Денес како координатор на Клубот за младински прашања и политики во рамки на Собранието на Република #Македонија 🇲🇰…

Posted by Јован Јаулески on Monday, February 1, 2021