Македонија 16. декември 2019. / 11:57

Јасна Мандиќ дава исказ кај Рускоска: Почна распитот на обвинтетите во “Рекет 2“

Јасна Мандиќ дава исказ кај Рускоска: Почна распитот на обвинтетите во “Рекет 2“
фото- Вечер

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Мандиќ е првата од осомничените кои неделава ќе даваат исказ за случајот. Увид во доказите во петокот направи и пратеничката Фросина Ременски.

Мандиќ која е во куќен притвор, во зградата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше донесена со полиција.

Според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”.

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека во текот на јануари може да се очекуваат и првите обвиненија за „Рекет 2“.