Македонија 16. февруари 2020. / 16:51

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска од кочанско оцени дека законите во Собранието биле донесени на криминален начин.

– Оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, рече Јанушев од Оризари.

Тој е убеден дека на 12-ти април, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа.