Македонија 18. јуни 2020. / 15:16

Јанушев за „Рекет“: Јовановски покажа директно кон Заеви

Јанушев за „Рекет“: Јовановски покажа директно кон Заеви
фото: Инфомакс

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска не сакаше да ја коментира пресудата за „Рекет“, посочувајќи дека видел само малку информации, но дека сепак „најскокотливо“ од она што го прочитал во медиумите е тоа што Бојан Јовановски со прст покажал кон Зоран и Вице Заеви.

-Факт е дека е она што е најскокотливо во овој момент е дека тие се само извршители и дека некој друг е нарачателот, а тој друг по она што во медиумите пишува Бојан Јовановски со прст ги покажува Зоран и Вице Заеви, рече Јанушев по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.