Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт е дека промените народот ја посакува обновата, а не коруптивна и криминална влада, изјави на втората прес-конференција вечерва Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Опозицијата има повеќе гласови од партиите на власта. Влегуваме во трка за составување на нова влада, за составување мнозинство на нова влада“, изјави Јанушев.
Тој најави подетални информации откако ќе се добијат официјалните резултати од предвремените парламентарни избори.