Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев постави низа на прашања до претседателот Стево Пендаровски, по неговата вчерашна прес конференција во рска со аферата „Рекет“.
Јанушев на Фејсбук искоментира дека глупаво делува тоа што претседателот ја спомна опозицијата, за која досега нема никаков доказ дека некој од нив е вмешан во овој скандал. Тој праша и кои ингеренции ќе ги искористи Пендаровски за никој да не влијае на истрагата.
– 1. На кои политичари од опозицијата мисли? Ова од причина што во објавените материјали не видовме, слушнавме или прочитавме дека некој опозициски политичар е било како замешан. Да не бидам погpешно разбран, доколку има било каква вмешаност од било, вклучително и опозиционер треба да одговара! Ама да спомнуваш опозиција кога знаеш дека само твоите се кpиви и фатени in flagranti некако глyпо делува.
2. Кои се тие ингеренции кој ги има и ќе ги искористи за никој да не влијае на истpагата? А да, и како ќе го направи тоа? Или пак не си ги знае ингepенциите!? – праша Јанушев.
Генералнот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека претседателот постојано посочува дека време е да и покажеме на меѓународната заедница дека системот во Македонија функционира. Според Јанушев тоа не е во ред, бидјеќи сепак функционирањето на системот треба да се покаже, пред се, на македонските граѓани. Тој заклучи дека оваа афера ја користат како алиби за недобивање на датум за преговори со Европската унија.
– 3. Со тоа што кажува дека е време да покажеме на меѓународната заедница дека системот треба да профункционира всушност потврдува дека ништо не функционира. А да, и нели мисли дека поважно е да покажеме на граѓаните на Република Македонија? Ако веќе не функционира системот, тогаш кој е виновен за тоа? Ќе потсетам дека извршната, законодавната и неформално cyдската власт се под ингеренции на партијата која го предложи Пендаровски.
4. Не ви се чини дека со тоа што кажува дека афepaта “Рeкeт” скапо ќе не чини за добивање на датум за преговори со ЕУ е само aлиби и веќе знаат дека датум нема да има ни во октомври? Или датум добивме лани? Нели? Се сеќава некој како беше?
5. Им замери на oбвинитeлите дека се на одмор! Пази мајката, па на одмор се веќе втора недела, што не излезе да им замери првиот ден кога отидоа, а не сега кога веќе и медиумски се објави дека Катица се вратила, а Вилма за некој ден си иде?
Во Велес викаме еден асален да се немало! – напиша Јанушев.