Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, на прес-конференција, откри дека структури на власта на дел од пратениците од опозицијата им нуделе милиони евра, со цел да гласаат „за“ промена на уставното име.
Тој истакна дека на еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ му се понудени 1.000.000 евра, на друг 2.000.0000 евра а на трет 250.000 евра. Сите понуди биле одбиени од страна на пратениците.
Јанушев кажа дека пратениците нема да потпаднат под ниту еден притисок и уцена и дека најразлични начини структури од власта им се заканувале нив лично и на нивни блиски.
Господине Заев, Вашата злоба и насилство не е поголема од нашата љубов кон Македонија, изјави Јанушев.