Македонија 10. април 2019. / 14:06

Јанушев: Власта ако сака да имаме правна држава нека ги прифати нашите забелешки за СЈО

Јанушев: Власта ако сака да имаме правна држава нека ги прифати нашите забелешки за СЈО

Ако власта сака да имаме правна држава тогаш нашите забелешки за законот за јавното обвинителство ќе бидат прифатени вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Прашан дали е задоволен од текот на преговорите, Јанушев вели дека во партијата не може да се чувствуваат задоволни поради тоа што се прифаќаат нивни забелешки бидејќу како што вели, правната држава е нешто што мораме да го имаме и тоа не може да биде причина за задоволство и покрај условите во кои функционира системот.

Рече дека не сака да открива детали за преговорите на кратко одговарајќи дека тие се во тек и дека јавноста ќе биде информирана за епилогот