Власта предводена од Зоран Заев не реализира ниту еден капитален проект, а наместо тоа продолжува да манипулира со македонските граѓани, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по средбите со граѓаните на Виница, најновата станица на карванот „Разговори за обнова на Македонија“ чија цел е да се нотираат проблемите што ги имаат граѓаните и да се понудат решенија за истите, коишто ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.
– Она што е како еклатантен пример во Виница нешто на што ги добија односно освоија одреден број на гласови на претходните избори е дека ќе го запрат иселувањето е можеби најевидентно токму овде во Виница. Колку е добра целата ситуација во Република Македонија и колку СДСМ и Заев се на добар пат имаме еден добар пример да видиме токму овде. Значи градот е скоро празен, народот се иселува. И не се иселуваат само оние што не можат да најдат работа, туку се иселуваат буквално луѓе кои што имаат добри работни места се затоа што во Македонија нити има правна држава, нити има правна сигурност. И тоа е нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ, како нова влада која што ќе ја формираме после изборите ќе треба сериозно, сериозно да преземеме акција, да преземеме мерки – изјави Јанушев.