Врвот на партијата позитивен на Ковид 19, голем дел во карантин, додека Радмила Шеќеринска не само што не ги почитува мерките за претпазливост, туку и бесрамно се шета низ Битола … и тоа во ден кога имавме 62 нови случаи и, за жал, 2-ца починати, напиша на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
– Колку се грижи за граѓаните, видовме и претходните денови со фотографиите за кои ако кажам дека се срамни за државен врв е премалку … тие се навредувачки за Македонците …
За загрозувањето на здравјето на граѓаните треба да одговарате, а не да го обвинувате народот дека не ги почитува мерките, додека самите давате примери спротивни на тоа што го зборувате.
Потребна е колективна оставка од оваа влада која освен за фотеља за друго ништо не се грижи!, напиша Јанушев.