Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска по информацијата дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, со кој пред неколку денови заедно беше гостин во дебатна емисија, е позитивен на корона вирус, вели дека засега е во добра здравствена состојба и ги чека резултатите од направеното тестирање.
Во очекување на исходот, пишува Јанушев на својот фејсбук профил, ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.
-Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето! На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.