Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше на емисијата „Само Вистина“ каде што посочи дека СДСМ на шврецерски начин преку измена на Законот за Академија за судии и обвинители ќе ги избира подобните и партиски судии, така сакаат да го „прочистат“ судството.
– Толку е лажно ова тврдење, предлагаат измени во Законот за Академија за судии и обвинители. Ако се залагаше власта за прочистување, ќе направат уште построги критериуми , а не да сакаат Академијата да ја претворат во „кумровачка школа“, нагласи Јанушев.
Јанушев образложи дека на СДСМ лагата оди до таму што преку измена на законот за Академија на судии и обвинители да си ги примаат и бираат подобните.
– Ако до сега се одеше со тестирање, независно компјутерски без никој да се меша. Сега знаете што сакаат да направат? Сега сакаат да направат тоа се минимизира на 30-тина отсто од вкупното, а останатите 70% да го спроведува Комисија која ќе си ја формираат партиски преку Министерството за правда, преку правниот и извршниот одбор кој вие ги назначувате и таму да си ги примаат само за нив подобните. Е, така сакаат да го „прочистат“ судството, истакна Јанушев.