Рекет 1 и 2, го донесоа рекет 3. Додека се множат рекетите на власта и криминалите на Заев, единствено што не се шири е истрагата на обвинителството против овие криминални случаи.
Сега е веќе сосема логично зошто Венко Филипче бил во домот на Бојан Јовановски и така детално разговарале за бизнис со болници. Рекет 3 е сакандал каде има сомневање дека се рекетира домашна компанија за да се откаже од изведбата на болницата во Штип, чија изградба доцни, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор
Дотаму ли дојде да се рекетираат фирми за изградба на болници? Зошто е раскинат договорот со домашната фирма подизведувач, а не е раскинат договорот со фирмата изведувач која е од Грција? Зошто не е активирана банкарската гаранција кога фирмата изведувач ги пробива сите рокови? Дали не е играта да ги добие градежните работи нова фирма подизведувач блиска до власта? Зошто се најавува дополнителна исплата за изведувачот од 7 милиони евра и нов рок до 2021 година кога и така сите претходни рокови беа промашени? Колку куфери Луј Витон се сега во игра? Зошто молчи обвинителство?
Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои денес ни носат порази е неминовен. Заев никогаш повеќе, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.