Македонија 11. јануари 2021. / 15:13

Јанушев: Протестите беа против се што се случуваше во државата, но ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор

Јанушев: Протестите беа против се што се случуваше во државата, но ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор

Денеска во Кривичниот суд сведочеше поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Тој истакна дека протестите на „За заедничка Македонија“ пред Собранието биле граѓански и дека партијата не била организатор.

Протестите беа граѓански против тиранската платформа и против сè што се случуваше во државата тогаш. Партијата не зазеде никаков став по ова прашање, рече Jанушев.

На конкретниот ден на 27 април тој рече дека бил на ракометниот меч Вардар – Флензбург.

Како тогашен директор на ЈСП Скопје рече дека не правел никаков притисок вработените да излезат на протести.