Македонија 18. март 2020. / 11:54

Јанушев повикува на одговорно однесување во време на ширење на коронавирусот

Јанушев повикува на одговорно однесување во време на ширење на коронавирусот

Во моментите кога пандемијата со Корона вирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество, порача Игор Јанушев Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Препораките се дека најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација.

На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број на пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш.

Од секој од нас зависи. Придржувајте се до препораките на епидемиолозите, ако морате да излезете – маска на лице, ракавици на раце и најважно, одговорно и мудро, затоа што секој живот вреди!“, порача Јанушев.