Македонија 25. декември 2019. / 12:19

Јанушев: Одлуката за поништување на лустрацијата е потхранување на суетата на кодошите во власта

Јанушев: Одлуката за поништување на лустрацијата е потхранување на суетата на кодошите во власта

„Многу луѓе на ВМРО кои ја носеа идејата, кои го носеа столетниот идеал за Македонија, настрадаа поради кодошите и соработниците кои денес ги амнестира и наградува Зоран Заев, напиша на својот фејсбук профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, според кој ова е финалето на “трговијата” и виткањето на кичмата на Заев.

– „Со други зборови, “другари и другарки” Среќна Нова ‘49!!! Слободно “кодошете”, уништувајте човечки судбини, “јадете живи луѓе” … и не се секирајте – тука е Зоки … “наместете” го, “кодошете” го роднината, комшијата, колегата и “државата” ви “чува грб” … Кумровец пуштен на најјако!!!, пишува Јанушев.

Тој потсетува, носителите на ваквата одлука да се сетат и на жртвите и нивните наследници кои биле кодошени од соработниците кои сега ги штитат.

– Заев со ова плука врз Ристо Шишков, Методија Андонов Ченто, Живко Чинго, Љубиша Георгиевски, Гане Тодоровски….И не само тоа, “оштетените” лица од лустрацијата (читај: “кодошите”) или нивните наследници имаат право на надомест на штета. Значи, ем ќе си “кодошат”, ем пари ќе си земаат, стои во овјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јанушев ова е одлука за потхранување на суетите и лудоста на кодошите во врвот на партијата на власт која е во заминување.

Имено, Заев и СДСМ на владина седница го усвоија предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, бидејќи со тоа се исправа една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за лустрација!