Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 Игор Јанушев го оствари своето право на глас во избирачкото место во просториите на Општина Велес.
Очекувам еден мирен ден, каде што огромен број од нашите гласачи ќе излезат и ќе го дадат својот глас. Очекувам еден убав ден во Република Македонија каде што народот дефинитивно ќе ја даде подршката на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Очекувам дека ќе се слави демократијата кадешто конечно ќе го отфрлиме овој криминално хибриден режим на Заев и СДСМ и мојата порака денеска до сите во Република Македонија е да се излезе и да се гласа да се оствари своето демкратско право.Нормално дека очекуваме дека граѓаните во огромен број ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Јанушев.