Русковска се врати од одмор, истрагата за аферата “Рекет” ќе продолжела, а ни збор за тоа кога и дали Катица Јанева ќе биде викната на сослушување во ЈО, пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
-Во меѓувреме се уништуваа докази, се влијаеше на сведоци, Заев “парче” ги направи сите, Владата си формираше Комисија за расчистување на аферата, каде патем нема ни еден претставник од обвинителско-судските органи, а и зошто да има кога се е тоа едно исто – Заев командува, тој е главата на овој криминално-рекетарски октопод.
Република Македонија мора еднаш да расчисти со криминалот без разлика од каде доаѓа! Доаѓа денот кога ќе одговарате, прво политички, а потоа и пред словото на законот!