Македонија 15. октомври 2018. / 17:31

Јанушев: Луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода за да го промени името

Јанушев: Луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода за да го промени името

– Заев тврдеше дека 27 април, е политички фабрикуван случај, без докази без аргументи, и дека е наменет за политички притисоци, педестина луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возрат да бара поддршка за договорот со Грција.

Со месеци луѓе се држат во притвор, пратеници, уметници обични граѓани, беа жигосувани за терористи, невини луѓе станаа жртва на прогонот на Заев, ова јасно покажува дека власта, не само за 27 април туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, води политичка хајка само за да тргува со нивната слобода.

Крајно неморално и крајно не етички, ова исто е порака и до судскиот систем и обвинителството, им се суди на невини луѓе, тоа не се терористи, на овие луѓе им е потребна правда. На Македонија и е потребна правда и правичност, не политички монтирани фабрикувани случаеви, Заев треба да им се извини на семејствата кои се под политички прогон режиран томку од самиот Заев и власта.

Ова мора да престане и само така може да има помирување. Правдата мора да стигне и затоа бараме нова обвинителска институција која ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот и која непристрасно ќе ги анализира фактите и доказите. Еве прилика на Заев да докаже дека е за вистинско помирување и за правда без никакви условувања. Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон и од притворот и овозможете правда за овие луѓе со гаранција за пресункција за невиност, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.