Македонија 30. јануари 2020. / 16:55

Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев направи девастација на македонското општество

Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев направи девастација на македонското општество

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посети Берово и Пехчево, каде како што соопшти, се среќаваа со граѓаните, бизнис заедницата, разговараа со сите во однос на нивните проблеми кои што се соочуваат во последните три години.

Јанушев додава дека она што периодов континуирано го зборуваат, се покажува и во средбите со сите оние кои што се среќаваат.

Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години. Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ буквално направи девастација на македонското општество, буквално во сите сфери. Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа ќе ја донесеме после 12 април обновата во Република Македонија, истакна Јанушев.